Балкан

Полицијата откри хорор во Смедерево: Маж чувал повеќе од 15 питбули во страшни услови, забележани се лузни и повреди на кучињата

Полицијата откри хорор во Смедерево: Маж чувал повеќе од 15 питбули во страшни услови, забележани се лузни и повреди на кучињата

На предлог на Основното јавно обвинителство Смедерево денеска му е одредена мерка притвор на В.В. (54) од Смедерево, бидејќи постои основано сомнение дека кривичните дела убивање и мачење животни ги извршил во врска со неовластено ангажирање во одредена дејност.

Со ефикасна работа на Полициската управа во Смедерево во соработка со главниот јавен обвинител, откриена е нерегистрирана одгледувачница за кучиња каде се пронајдени повеќе од 15 кучиња питбул и микро бул.

Осомничениот е обвинет дека подолг период ги малтретирал и мачел кучињата кои биле затекнати во многу лоша општа состојба.

При преглед на верретранот биле откриени бројни повреди, како и лузни во пределот на главите на кучињата, кои се настанати при борби со кучиња. По сослушувањето, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 30 дена, поради стравување дека може да го повтори делото, како и дека може да влијае на сведоци или да уништи релевантни докази доколку биде пуштен на слобода.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни