Македонија

Се расправале па пукал со пиштол кон две лица, едниот од нив почина!

Се расправале па пукал со пиштол кон две лица, едниот од нив почина!

На 12.06.2023 во с.Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61) од с.Подлес.

Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес. Од здобиените повреди во амбулантата во с.Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош. Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни