Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил истакна дека во Србија стапуваат на сила важни закони, а тоа значи олеснување за македонските граѓани при патување.
„Денес во Србија влегуваат во сила трите договори во рамки на Берлинскиот процес – договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, договорот за признавање на високо образовните квалификации и договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. По Северна Македонија, Албанија и Косово, Србија е четвртата држава во рамките на Западен Балкан во која стапуваат во сила договорите“, напиша Османи.