Јутјуберот Стефан Лазаров, кој ја организираше акцијата за собирање средства за лекување на малиот Кико, денеска објави дека извесна жена лажно се претставува како тетка на Кико, и бара да се префрлат пари на нејзината сметка.
„Добив многу пораки во текот на вечерта дека оваа жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари да се префрлат на нејзина сметка. Како што гледате на сликата иако на профилот пишува Даниела Ивана, во пораката е дадена сметка од Цвета Стојкоска. Во меѓувреме и мене ми пишала да донирам за нејзините покојни родители. Ве молам внимавајте бидејќи постојат луѓе кои очигледно не се плашат од Господ и немаат грам морал. Надлежните органи се известени и се надеваме на брза реакција. Вие внимавајте за да не направите грешка и си ги изгубите парите“, се вели во објавата..
Инаку, тој уште пред два дена објави дека семејството на Кико изјавило дека средствата се собрани и дека ќе се стопираат телефонските сметки на кои се собираа донации.