Македонија

ФОТО: Полицијата упадна во скопска Гази Баба, пронајде и дрога!

ФОТО: Полицијата упадна во скопска Гази Баба, пронајде и дрога!

На 24.06.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција лишени од слобода се Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје.

Имено, при претреси на две локации на подрачјето на Гази Баба, извршени со судска наредба, во домот на Н.П., каде била затекната и В.К., со која живеел во заедница, биле пронајдени марихуана во процес на сушење, дигитална вага и поголем износ на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од недозволена продажба на дрога, а во домот на М.К. пронајдени се тегла со марихуана, 2 пакувања со марихуана, 15 ќесички со марихуана подготвени за продажба, една дигитална вага со остатоци од дрога.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за извршени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни