Македонија

Невреме со дожд и град и во кичевско

Невреме со дожд и град и во кичевско

Нестабилност проследена со интензивен, пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град во Пехчево. Во Крива Паланка нестабилност проследена со интензивен пороен дожд.

Можно е да е слика од мапа, арктички и текст

Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град го зафатил и кичевскиот регион.

– Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава, информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК.

Околу пладне, Охридско-струшкиот регион беше зафатен со силно невреме со дожд и град кој достигна големина на орев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни