Македонија

Од среда не очекува дестабилизација на времето, во четврток посвежо

Од среда не очекува дестабилизација на времето, во четврток посвежо

УХМР најавува дестабилизација на времето од среда, кон крајот на денот, кога се очекуваат, како што наведува, локален пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 31 степен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни