Македонија

НОСЕТЕ ЧАДОР: Од утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер!

НОСЕТЕ ЧАДОР: Од утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер!

Од утре попладне и во недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина од утре попладне и во недела, повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни