Македонија

Под вода улиците во Битола, итно свикан кризниот штаб

Под вода улиците во Битола, итно свикан кризниот штаб

Силното невреме кое попладнево ја зафати Битола предизвика поплавување на улиците во Битола.

На улиците беа создадени „езерца“ по што се отежнува нормалното движење на граѓаните.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека за во 18:00 часот го свика општинскиот кризен штаб по повод интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“ вели Коњановски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни