Од УХМР известуваат за наврнат воден талог во Македонија.
Според информациите, најмногу дожд – дури 64 л/м2 имало во Струмица, додека пак во Битола се измерени 48 л/м2.
31 л/м2 во Виница, 25 во Гевгелија, 12 л/м2 во Кр.Паланка, Штип, Берово. Во Прилеп и Пожаране 9 л/м2, 2 во Ѓуриште, Тополчани, 1 во Попова Шапка, Претор, Крушево, Тетово.
Северозападниот дел од земјава е зафатен од нестабилна воздушна маса, проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на град. Оваа маса се наоѓа западно од Скопската Котлина и се приближува кон западниот дел на градот, но поинтензивно јадро се наоѓа југозападно од градското подрачје.
Во првата половина од ноќта ќе се задржи променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.