Македонија

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во петок ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни