Македонија

ВИДЕО: Обвинителката бараше притвор за Даниел, тој стана и ја запроси Ирена – и двајцата се осудени во предметот на Рашковски

ВИДЕО: Обвинителката бараше притвор за Даниел, тој стана и ја запроси Ирена – и двајцата се осудени во предметот на Рашковски

Денеска во Кривичниот суд беше донесена пресуда за предметот „Софтвери“.

Екс генсекот на Владата, Драги Рашковски доби вкупно 8 години казна затвор за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, додека другите Ивица Димитровски (пет години затворска казна), Игор Христов (пет и пол години), Даниел Станчев (четири години), Ирена Ивановска (3,5 години), Игор Ивановски (3 години) и Маја Силјаноска (3 години) за „злоупотреба на службената положба и овластување”.

По изрекувањето на пресудите, во судницата падна и запросување.

Имено, Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетата Ирена Ивановска.

Извор/ФОТО: 360 степени

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни