Македонија

Родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе – од битолската болница велат несреќен случај!

Родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе – од битолската болница велат несреќен случај!

Родилка со неконтролирана бременост во Германија, два месеца по враќањето во Битола, вчера во ЈЗУ Клиничка болница – Битола роди мртво бебе.

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во семејството на мајка која и претходно имала породување со мртво бебе.

– Родилката (21 г.) беше со неконтролирана бременост во Германија, а во нашата клиничка болница се јави со вишок на плодова вода во деветтиот месец од бременоста. Бебето беше породено со „царски рез“, немалтретирано, но за жал без знаци на живот. Разговаравме и со родилката која и претходно имала породување со мртво бебе, изјави за МИА, д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница – Битола.

Иако станува збор за несреќен случај, сепак ќе се направи дополнително испитување на причините за смртта на бебето на родилката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни