Македонија

42-годишно лице од Чегране се пријавило само во полиција – пробало да удри друго лице со возило!

42-годишно лице од Чегране се пријавило само во полиција – пробало да удри друго лице со возило!

Вчера (20 јули) околу 21 часот и 20 минути во полициска станица се пријавил Л.С.(42) од гостиварско Чегране, кој претходно бил пријавен од 45-годишниот Ќ.Р. од гостиварско Форино дека на регионалниот пат во Форино со возило се обидел да го удри, поради нивни претходни недоразбирања.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни