Македонија

Петровска му понуди на својот грчки колега Дендиас помош за справување со пожарите

Петровска му понуди на својот грчки колега Дендиас помош за справување со пожарите

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Грција Никос Дендиас, со кого разговараше за состојбата со пожарите во соседна Грција.

Во телефонскиот разговор, министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази жалење за пожарите кои ја зафатија соседна и сојузничка Грција и понуди помош во справувањето со огнените стихии.

Двајцата министри се согласија дека како соседи, но пред сè како пријателски и сојузнички земји многу е важно меѓусебно да се помагаме.

Инаку, во Република Северна Македонија, уште во месец мај во Армијата е дадена наредба од страна на Генералштабот за воведувања на дежурства во Касарните, но и во хеликоптерската единица, кои се подготвени во случај да има потреба, веднаш да бидат ангажирани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни