Македонија

Сончево и многу топло – температурите до 42 степени

Сончево и многу топло – температурите до 42 степени

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

И во среда ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури и ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 km/h). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе продолжи да дува во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни