Балкан

Оваа Барбика беше хит во Југославија: Ја препознавате ли?

Оваа Барбика беше хит во Југославија: Ја препознавате ли?

Со објавувањето на најновиот филм за Барби, цел свет повторно полуде по познатата кукла, а многумина заборавија дека во осумдесетите, една позната пејачка од регионите имаше своја верзија на Барби.

Администраторите на Инстаграм профилот „Мусеј на Југославија“ објавија фотографија од куклата Лепа Брена. Иако не беше оригинална, денес оваа кукла вреди многу.

„Додека цел свет лудува по новиот филм за Барби, ние издвојуваме една Барбика од колекцијата направена во ликот на Лепа Брена. Овој производ со ликот на познатата пејачка е продуциран заедно со албумот „Боли ме уво за све“, кој е и саундтрак на филмот „Ајде да сакаме 3 – Удаје се Лепа Брена“ од 1990 година.

„Иако беше изоставен од актуелниот филмски спектакл, Музејот е тука да ја исправи неправдата и да потсети на овој важен југословенски придонес за Барбиленд“, напишаа со хумористичен тон.

Во коментарите многумина се сетија дека имаат токму ваква кукла, а некои коментираа дека се разочарале кога ја добиле бидејќи оваа кукла воопшто не личи на Лепа Брена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни