Балкан

ВИДЕО: Се сруши канадер во Грција, ТВ камерите го забележаа падот

ВИДЕО: Се сруши канадер во Грција, ТВ камерите го забележаа падот

Авион кој се борел со шумски пожари во Грција паднал во провалија, соопшти противпожарната бригада.

Несреќата се случила на островот Евија, а била снимена во програма на државната телевизија каде што било прикажано како леталото исчезнало во кањонот.

Неколку моменти подоцна на тоа место е забележан оган и густ чад, јавува Би-Би-Си.

Трет по ред топлотен бран во Грција ја подигна температурата над 40 ептен во делови од земјата, по неколкуте евакуации поради пожарите кои беснеат со денови и тешко се ставаат под контрола.

Последните наредби за евакуација беа издадени на островите Крф и Евија, додека пожарот на островот Родос продолжи да се шири во внатрешноста, горејќи планински шумски области, вклучително и дел од природен резерват.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни