Едно лице го загуби животот, а три се повредени во инцидентот што се случи околу 18:00 часот во заливот Траште, на карпите меѓу заливот Пржна и Марина во близина на туристичкото место залив Луштица во Кртоли кај Тиват.
Според неофицијални информации, едно младо лице се удавило во брановите подигнати од силен јужен, а три лица се повредени најверојатно затоа што брановите ги фрлиле на карпите на брегот, пренесува vijesti.me.
Помош за повредените пружила екипа на Службата за вонредни ситуации од комплексот Луштица Беј, која и покрај многу тешките услови на море, успеала да го извади телото на удавениот.
За инцидентот била информирана и Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора, која ги координирала напорите на спасувачките служби.
Инаку, УПСУЛ денеска имаше дури пет акции за спасување на капачите на плажата Велика во Улцињ, чии животи беа загрозени поради невнимание и непочитување на црвените знамиња кои беа истакнати на плажите за капачите поради опасноста предизвикана од големите бранови и силниот јужен ветер.