Апокалиптични фотографии од пожарот пристигнуваат од грчкиот град и пристаниште Волос, каде што ќе бидат распоредени српските пожарникари кои отпатувале во таа земја.
Како што јавуваат медиумите, дури 6 пожари избувнале во исто време во грчкото пристаниште и град Волос, каде со денови температурата е над 40 степени.
Иако пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, тој неконтролирано се шири, па стигна и до некои куќи.