Балкан

Со бебе во раце бегаат на отворено море: Драматични сцени од Грција по експлозијата во магацинот за муниција

Мајки со бебиња во раце, неподвижни луѓе, семејства со домашни миленици, брзаат кон морето, кон глисерите и гумените чамци за да избегаат на отворено море и да избегаат од сигурна смрт.

Во тек е итна евакуација од Неа Агиалос, во близина на Волос, каде попладнево се случи експлозија во складиште за воена муниција.

Мајки со бебиња во раце, неподвижни луѓе, семејства со домашни миленици, брзаат кон море, кон глисери и гумени чамци за да избегаат на отворено море и да се спасат од сигурна смрт.

Десетина граѓани успеаја да се евакуираат со своите возила од овој крај, но многумина чекаат на плажата да стигнат до нив со чамци и да ги однесат на безбедно.

За тоа време, полицајците трчаат од врата до врата и ги принудуваат луѓето да се евакуираат што е можно побрзо.

Цело време има експлозии во областа.,

Се уште не се знае дали има загинати или повредени, а од силината на детонациите е причинета материјална штета на бројни објекти. Стаклото што се скршило при експлозијата било расфрлено по улиците.

Грчките медиуми јавуваат дека неколку борбени авиони Ф-16, кои биле на ова подрачје, се префрлени во друг дел од земјата.

Официјално се уште не е објавено каква муниција имало во магацинот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни