Македонскиот претставник во 2. коло од квалификациите на Конференциската лига, тимот на Шкупи, вечерва во Скопје по првото полувреме губи од Левски Софија со 0:1.
Приведени 9 бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир пред натпреварот Шкупи-Левски
Стрелец на водечкиот гол за гостите од Бугарија е Бразилецот Велтон во 31.минута.
Двајца бугарски навивачи повредени: Едниот бил прободен со нож, во тек е операција!
Шкупи не реализира три чисти шанси за гол, додека Левски од една полушанса дојде во водство.
ВИДЕО: Навивачите на Левски отишле и во Чаир, биле нападнати од локалното население
На трибините на Национална арена „Тодор Проески“ се наоѓаат и 300 навивачи на Левски кои во повеќе наврати провоцираа со скандирања „Македонија е бугарска“ и упатуваа навреди на национална основа кон навивачите на Шкупи.
Пред почетокот на натпреварот македонската полиција приведе девет бугарски навивачи поради нарушување на јавниот ред и мир.