Македонија

Сончево и топло, температурите до 36 степени!

Сончево и топло, температурите до 36 степени!

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. UV=8

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степени.

До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни