Македонија

Министерот Бочварски стана татко – го соопшти и името на бебето!

Министерот Бочварски стана татко – го соопшти и името на бебето!

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски (38) стана татко. Веста ја сподели на друштвените мрежи.

„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од Д-р. Викторија Јовановска“, напиша Бочварски на Фејсбук.

Инаку на утрешен ден пред две години Бочварски ја запроси својата избраничка Маринела Серафимова (26).

„Со Маринела сме заедно околу една година и требаше ова да се случи. Нема посебен датум за да го направам ова, така одлучив. Претходно бевме на вечера во ресторан и малку разговаравме на оваа тема, но не открив пред неа детали што ќе се случува подоцна. Раката и ја побарав потоа, кога се вративме дома. Немаше посебни романтики, не клекнав кога ја запросив, едноставно додека разговаравме се случи моментот, го покажав прстенот. Не сметавме дека треба да има апарати и камери, туку само ние двајца да си дадеме збор, затоа и немаме слики од вчера. Беше навистина убав момент и чекор и за двајцата. Бевме заедно на одмор, но, сепак, се одлучив да ја запросам тука дома. Искрено јас и Маринела извесно време правиме муабет за нашата иднина. Затоа и таа очекуваше дека ова ќе се случи, но не знаеше кога и затоа беше изненадена. Односно, како што ми рече, очекувала на есен или понатаму, но ете се случи вчера“, изјави пред две години министерот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни