Македонија

Изгаснати 25 пожари во текот на вчерашниот ден

Изгаснати 25 пожари во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управа со кризи.

Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.

Центарот за управа со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни