Македонија

Во тек е интензивна потрага по исчезнатиот од с. Теново

Во тек е интензивна потрага по исчезнатиот од с. Теново

Регионалниот ЦУК Тетово, како што извести, на 06.08.2023, околу 05:00 часот од страна на 112 е добиена информација за исчезнато лице од с.Теново Општина Брвеница и потрагата континуирано продолжува.

Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано раководителот на РЦУК Тетово и началникот на СВР Тетово известуваат дека од 10:00 часот, дека во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново.

Во случај и денеска ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник РЦУК Тетово ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на Реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито на реката Вардар, што поминува покрај самото село.

Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални имформации, согласно развојот на потрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни