Свет

ВИДЕО Нов напад на мостот на Крим! Се слушаат сирени за тревога, дим, луѓето снимаат се од плажа

ВИДЕО Нов напад на мостот на Крим! Се слушаат сирени за тревога, дим, луѓето снимаат се од плажа

Се огласуваат сирени за тревога, а откако соопштија дека собориле два дрона, руското Министерство за одбрана сега тврди дека уништило два украински ракети пред да го погодат мостот.

На социјалните мрежи се појавија снимки од нови експлозии на Крим, каде што се наоѓа мостот што го поврзува полуостровот со Русија. Проруските власти го запреа сообраќајот преку мостот на Крим.

Се огласуваат сирените за аларм. Прво беше објавено дека се соборени два украински беспилотни летала, а потоа Русија објави дека Украина се обидела да го погоди мостот на Крим со ракета С-200, но дека го пресретнале и уништиле.

Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим, претходно изјави дека противвоздушната одбрана пресретнала и соборила две ракети во близина на мостот.

Иако сообраќајот преку мостот е во прекин, надлежните тврдат дека мостот не е оштетен.

На видеото се гледа како чад се издига над мостот. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека мостот е погоден на четири места.

Ова се случило откако руските војници, како што тврдат, во текот на ноќта собориле 20 дронови над Крим, пишува Гардијан. Ова е првпат мостот да биде нападнат во текот на денот.

Од минатата година, мостот е изложен на постојани напади од Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни