Апел за помош на 35 годишниот Стефан Ивановиќ од Скопје кој боледува од Церебрална парализа.
Тој вели дека од мал боледува од оваа болест, а како идат годините болеста прогресира и полека му одзема се.
„Ми ги одзема сега и рацете, нозете и говотот. Во Македонија за жал нема начин да се спречи прогресијата на болеста. Одлучив како и сите да го започнам лекувањето со матични клетки, но ова лекување во Македонија се смета за непризнато и поради тоа фондот не рефундира пари за лекување, па затоа отворив броеви за донација од Телеком и А1 и решив да барам помош од хуманите луѓе“, вели Ивановиќ.
Ивановиќ вели дека во 2019 година останал без мајка, која боледувала од дијабетес и починала од сепса на 72 години.

„Сега сум сам, а моето лекување требаше да започне во Русија во Клиничка болница Неуровита но не успеав да ги соберам средствата во износ од 22000 еура. Се појави војна, а потоа клиниката ми прати фактура дека не примаат евра поради војната треба да се плати моето лекување 22000 рубљи. Поради влошување на мојата болест си го продадов станот 22000 еура за да заминам на лекување со матични клетки. Исконтактирав со Нови Сад, Србија који се партнери со клиничката болница EmCell во Киев, Украина. Поднесов документи од мојата сегашна состојба во Нови Сад – Видерма по што неколку дена чекав на одговор и потоа добив позитивен одговор дека сум примен на лекување со матични клетки. За првиот третман платив 18.000 евра.
Во продолжение, Стефан вели дека пристигнати му се испитувања – предлог за наредното лекување за 9 до 12 месеци во зависност на неговото опоравување, и следниот третман со матични клетки чини исто 18000 евра.
Тој ги моли хуманите луѓе за помош бидејќи повеќе нема што да продаде за да го продолжи лекувањето.
Броеви за донации;
143-303 Македонски Телеком
143-485 А1 Македонија
Контакт Стефан : 072512457