Лидерот на новоформираната партија Демократско движење, Изет Меџити, смета дека прекршочните пријави за градоначалниците на Чаир и на Тетово се сталинистички метод.
„Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами биле поканети од полицијата на информативни разговори, а единствена причина е престојот на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и во Тетово. Овој сталинистички метод со информативни разговори, кој во времето на комунистичка Југославија, најмногу го почувствувале Албанците, покажува дека рецидивите од минатото сè уште се консумираат меѓу нас, но овој пат и од некои Албанци, кои имаат моќ сфатена како градината на таткото. Сето тоа е направено под влијание и притисок на српската антиалбанска политика на која Албин Курти и стана трн во око. Како и да е, оваа ситуација докажува дека не погрешивме што го ставивме името на Адем Демачи на една од улиците на главниот град, бидејќи денес повеќе од кога било ни е потребен неговиот дух на отпор“, вели Меџити.