Македонија

Зголемено полициско обезбедување околу Собрание

Зголемено полициско обезбедување околу Собрание

Секој автомобил кој влегува во Собрание подлежи на дополнителна проверка за идентитетот на возачот, а потоа се пропушта во дворот на Собранието. Ваква е сликата утрово на 4 часа пред почетокот на седницата која треба да го отвори патот за Уставни промени.

Денешниот ден ќе биде како и сите останати денови кога има пленарна седница, но оваа ќе биде под будното око на медиумите и граѓаните.

Акредитирани се и медиуми од соседна Бугарија кои денеска ќе ја следат во живо работата на македонскиот парламент.

Инаку според информации на 4NEWS.mk од Собранието, денеска ќе започне и заврши дебатата за потребата за устани измени, но нема да биде ставен предлогот на гласање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни