Македонија

Мицкоски: 18-ти август, ден на македонската армија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот

Мицкоски: 18-ти август, ден на македонската армија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на друштвената мрежа се огласи по повод 18-ти август роденденот на македонската армија. Но тој го поврза денот и со денешните случувања во македонското Собрание.

„18 август, честит ден на Армијата на Македонија и ден кога ќе стане јасно дека власта не е посилна од народот. Не за Уставни измени под бугарски диктат!“, напиша Мицкоски.

Инаку за денеска од 11 часот е закажана седница на која треба да започне расправата дали треба да бидат бугарите заедно со уште 5 други народи дел од македонскиот устав. Според последните информации, во моментов Власта го нема потребниот број на гласови за уставни промени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни