Македонија

Ковачевски: Единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација

Ковачевски: Единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека повторно се потврдило дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација.

„И тоа проевропски ориентираните граѓани нема ниту да го заборават, ниту да го простат. Ова блокирање кое тие толку долго го заговараат нема апсолутно никаква причина да се случи, истакна премиерот зад кој на прес-конференцијата стоеше владиниот тим“, вели Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Ковачевски, покажаа дека немаат никакви аргументи и идеја за дискусија, како и дека не водат дебата.

„Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните само и единствено за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот за граѓаните и остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ на Северна Македонија. Ако тие не знаат да дебатираат и да аргументираат дома како тогаш да очекуваме дека ќе аргументираат и ќе водат дебата надвор со меѓународната заедница. Многу е јасно дека нивната цел не е да испреговараат нов договор. Многу е јасно дека нивната цел да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери. И затоа нема веќе простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни