Македонија

Силен пожар кај село Ѓопчели, на терен пожарникари од Гевгелија и Дојран

Силен пожар кај село Ѓопчели, на терен пожарникари од Гевгелија и Дојран

Регионалниот ЦУК Струмица извести дека доцна попладне има пожарот на отворено кај село Ѓопчели, каде што гори сува трева со густи грмушки („прнар“) и нискостеблеста шума. По дојавата за пожарот, на терен веднаш излегле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, со едно противпожарно возило и два пожарникара, а и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран, со едно возило и три пожарникари.

Од ЦУК биле известени ДЗС Гевгелија, Општина Дојран и РЦУК Гевгелија.

Инаку командирот на пожарникарите на ТППЕ Гевгелија бил упатен на место на пожарот и ако имало потреба да се ангажираат дополнителни сили за гаснење пожар ќе извести согласно ситуацијата на терен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни