На 18.08.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(39) од Битола. При претрес во неговиот дом во с.Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ“, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.
На 19.08.2023 во 01.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.08.2023 во 05.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Б.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.08.2023 во 00.20 часот на патот за с.Златари, ресенско, полициски службеници од Полициската станица Ресен ги лишиле од слобода В.Б.(55) и Н.С.(39), двајцата од ресен, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.08.2023 во 19.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(39) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка и затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 19.08.2023 во 03.30 часот во Кичево, полициски службеници од ПОлициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.С.(37) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.