Свет

Ја запросил девојка му во авион, реакцијата на компанијата е хит (ВИДЕО)

Ја запросил девојка му во авион, реакцијата на компанијата е хит (ВИДЕО)

Ли летал со авион на Ryanair со неговата девојка Леа и нејзиното семејство кога решил да го постави прашањето. Тој објасни дека и двајцата сакаат да патуваат, па решил да ја запроси додека се занимаваат со нешто што го сакаат.

Тој објави на X (до неодамна познат и како Твитер) слика на која тој и неговата нова вереница наздравуваат со шампанско во авион.

„Ја запросив Леа на лет на Рајанер со нејзиното семејство. За среќа таа рече да!“ напиша во објавата не знаејќи дека наскоро ќе добие одговор.

Ryanair е компанија позната по добро исмејување на социјалните мрежи, а овој пат не разочараа.

Наместо да им честитаат на свршувачката, тие на шега ја прашале Леа дали ѝ треба помош.

„Леа, трепни двапати ако ти треба уште едно седиште“, напишале во коментарот кој им се допаднал на повеќе од 15 илјади луѓе.

За работите да бидат подобри, некој во коментарите прашал дали новиот пар добива бесплатен шампањ, а одговорот на компанијата насмеа многумина.

„Дали си нов овде?“ се пошегуваа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни