Центарот за управување со кризи информира дека вечерва се пријавени неколку пожари.
Речиси сите пријави се преку европскиот број 112 а станува збор за пожари во:
– Влез во с. Романовце од десна страна, гори стрниште
– Шумски пожар од село Лојане се движи према село Вакцинце, известени се ТППЕ Куманово.
– Пожар кај езерото Мантово од раскрсницата 20 км, известени се екипи од ТППЕ Штип
– Горат ниви спроти селото Теново (опш.Брвеница) од десна страна, пратени се екипите од ТППЕ Тетово кои интервенираат со 1 ПП возило и 4 пожарникари
– Активен пожар има и кај село Ратевица. Запалена е нива, а на терен се излезени 4 пожарникари со 2 ПП возила