Македонија

Почина албански државјанин во Челопек, земја се урнала врз него при изведување градежни работи!

Почина албански државјанин во Челопек, земја се урнала врз него при изведување градежни работи!

Вчера (20 август) околу 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б.(54) од Република Албанија.

Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14 часот и 30 минути врз него се урнала земја во каналoт што го копале.

Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни