Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во дебатниот магазин „SummerClick“ на ТВ21 посочи дека за основна работа не може да се заврши работа доколку се нема пријатели или не се даде мито.
„Човек не може основна работа да заврши доколку опција а – нема пријател таму или опција б – не даде мито“, вели Николоски.
Според него, тоа е така затоа што тие што се во најниските ешалони гледаат дека нагоре има корупција и си викаат „ако тие можат милиони, можеме и ние 1000 денари“.
„Широк слој на општеството е корумпиран“, додаде Николоски.