Македонија

Пензионерите повторно на улица, се бара линеарно зголемување

Пензионерите повторно на улица, се бара линеарно зголемување

Пензионери од Неготино со мирен протест денеска повторно побараа подобар живот.

– Бараме линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари, утврдување на минималната пензија на 18.000 денари, оставка од актуелното раководство, заради нетранспарентност и расипничко трошење на нашите пари, појасни Ката Апостолова член на Иницијативниот одбор на неготинските пензионери.

Пензионерите што мирно протестираа, нагласија дека и понатаму неуморно ќе ги бараат своите права и ќе се залагаат за подобар живот на сите пензионери.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни