Македонија

Кривична пријава за кражба и обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем

Кривична пријава за кражба и обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем

ОВР Кавардаци поднесе кривична пријава против С.Н.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“ и едно кривично дело „обид за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 24.07.2023 на улица „Прилепска“ во Кавадарци, од товарно возило „ивеко“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Д.С. од с.Криволак, неготинско, пријавениот одзел чанта со пари, дебитна банкарска картичка, лични документи и други предмети, по што истиот ден имал неуспешен обид да изврши електронска наплата со картичката.

Исто така, на 25.07.2023 на улица „Зелен Пазар“ во Кавадарци, од патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот одзел два мобилни телефони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни