Македонија

Сопственик на депонија се однесувал агресивно и им се заканувал на новинари, полицијата го викна на службен разговор!

Сопственик на депонија се однесувал агресивно и им се заканувал на новинари, полицијата го викна на службен разговор!

Денеска (24.08.2023), во Полициското одделение Жеровјане бил извршен службен разговор со А.С.(38) од Чегране, гостиварско, сопственик на депонија, по што му била изготвена пријава по член 13 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Имено, вчера (23 август), околу 12.30 часот во месноста „Димновица“, атар на тетовско Стенче, А.С. се однесувал агресивно, ги попречувал во работата и се заканувал на С.З.(35) и Б.П.(36), двајцата од Тетово, кои извршувале професионални задачи како новинари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни