Свет

ВИДЕО Што се случува во Русија? Се огласи Министерството за одбрана, видеа кружат на друштвените мрежи

ВИДЕО Што се случува во Русија? Се огласи Министерството за одбрана, видеа кружат на друштвените мрежи

Руските сили за воздушна одбрана утрово уништија 42 украински беспилотни летала над Крим и една ракета над регионот Калушка во Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тоа е еден од најголемите координирани  украински воздушни напади на територијата под контрола на Русија досега.

Министерството прецизираше дека противвоздушната одбрана уништила девет беспилотни летала, додека останатите 33 биле потиснати со електронска војна и паднале над Крим пред да стигнат до своите цели.

Градоначалникот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм напиша дека се уништени неколку дронови над Керсон рт, кој се наоѓа на периферијата на Севастопол.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни