Македонија

Во Ист Гејт било пукано во Раде Трајковски Штекли?!

Во Ист Гејт било пукано во Раде Трајковски Штекли?!

Попладнево во гаражата на трговскиот центар „Ист Гејт“ имаше пукање, а според информациите на Телма, било пукано во Раде Трајковски Штекли.

Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, додека пак тој бил во блиндирано возило и не е повреден.

Во мометот во Ист Гејт мол полицијата врши увид.

Инаку, Штекли неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, и беше екстрадиран по апсење во Србија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни