Македонија

Ист Гејт мол се огласи по пукањето: Обезбедени сите потребни мерки, случајот не е поврзан со општата безбедност на посетителите

Ист Гејт мол се огласи по пукањето: Обезбедени сите потребни мерки, случајот не е поврзан со општата безбедност на посетителите

Во врска со инцидентот кој се случи денес околу 16 часот, Ист Гејт Мол ја информира јавноста дека согласно утврдените безбедности сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа.

„Согласно информациите со кој располагаме во моментов, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар.

Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа.

Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни