Македонија

Двајца повредени при сообраќајна несреќа кај Никуштак – депонијата гори, зафати и едно возило!

Двајца повредени при сообраќајна несреќа кај Никуштак – депонијата гори, зафати и едно возило!

Две лица се повредени при сообраќајна несреќа која се случи денеска на стариот пат Куманово-Скопје, во село Никуштак, во близина на депонија.

Од МВР информираат дека според првичните информациите во сообрајќајката учествувале опел астра со кумановски регистерски ознаки и шкода суперб со кумановски регистерски ознаки.

„Околу 14.00ч е пријавено дека на стариот пат Куманово-Скопје, во с.Никуштак, во близина на депонија се случила сообраќајна несреќа во која учествувале Опел Астра со кумановски регистерски ознаки и Шкода Суперб со кумановски регистерски ознаки. По незгодата, настанал пожар во возилото „Шкода Суперб“. Возачите се пренесени во КЦ-Скопје, а во тек е увид на лице место“, велат од МВР.

Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни