Македонија

Ангелов: Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола

Ангелов: Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола

Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е поголема површина од најмалку 30-тина хектари од кои поголемиот дел е зимзелена шума, посочи вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

-Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го сопрат огинот да се движи кон селото, изјави Ангелов.

Нагласи дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село Ајватовци и додаде дека е изгорени и Ајватовски рид.

Најави дека уште од рано наутро двата полициски хеликоптера ќе почнат да дејствуваат на пожарот, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Во овој момент ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта, потенцира Ангелов.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни