Македонија

Сончево и многу топло, температурите до 38 степени

Сончево и многу топло, температурите до 38 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

До понеделник ќе се задржи многу топло и насекаде ќе биде активно жолтото ниво за опасност од висока температура. Во понеделник кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а преку ноќта и во вторник ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни