Македонија

Се запали стрниште од околу 2 хектари во атарот на Дабиље и Робово, викендица целосно изгоре – пожарникарите на терен!

Се запали стрниште од околу 2 хектари во атарот на Дабиље и Робово, викендица целосно изгоре – пожарникарите на терен!

Денес, 26.08.2023 година,(сабота), околу 11.30 часот, во атарот помеѓу селата Дабиље и Робово, ТППЕ Струмица интервенираше на гасење на запалено стрниште со површина од околу 2 хектари.

Притоа од оганот е зафатена и речиси целосно изгорена викендица која се наоѓала во тоа подрачје.

Покрај оваа, ТППЕ Струмица интервенираше уште на неколку локации каде гореа депонии, суви треви и стрништа.

Поради топлотниот бран и високите температури апелираме и на крајна претпазливост, односно граѓаните да внимаваат како се однесуваат во природа, поради опасноста од појава на шумски пожари.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од палење оган на стрништа, растителни отпадоци, сув вегетациски горлив материјал и земјоделски земјишта.

Во случај на пожар или друга елементарна непогода повикајте 193!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни