Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека кракот кај Ајватовци повторно се разгорел, и затоа итно е ангажиран хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
Истиот веќе е на терен и започна со гаснење.
„На лице место се пожарникари од ТППЕ Скопје и доброволци од Доброволното друштво од Свети Николе“, додаде Ангелов.