На социјалните мрежи кружи апел за внимателност на граѓаните кои живеат во Пржино.
Имено, според нивните информации вчера на пладне во населба Пржино, две лица се обидоа да влезат во неколку куќи.
„Ова е видео од надзорот во едната куќа каде сопственикот ги пречекал. Лоповите се движат со моторче. Сликани се на улица Благоја Гојан“, велат од таму.
Вчера, 12:46 часот, на пладне во населба Пржино, 2 лица се обидоа да влезат во неколку куќи. Ова е видео од надзорот во едната куќа каде сопственикот ги пречекал.
Лоповите се движат со моторче. Сликани се на улица Благоја Гојан 📍 https://t.co/zsu0GStS2j pic.twitter.com/DM1kcCv4Rz
— 🅰️псаана (@aps_aana) August 27, 2023